MQ-25 Stingray автономниот летачки танкер почна да снабдува со гориво на авиони со човечки екипаж. Имено, компаниите Boeing и Northrop Grumman почнаа да тестираат беспилотно летало „танкер“ за полнење со гориво на авиони со екипаж. Едно од таквите летала е MQ-25 Stingray, кое се тестира за танкање на борбен ловец F/A-18 Super Hornet и на авионот E-2D Advanced Hawkeye.
Откако успешно беше тестиран за полнење со гориво во лет на ловец F/A 18, Boeing и Northrop Grumman ќе го тестираат во симулации на други типови авиони пред да го испратат во вистински операции. Идејата на проектот е леталата роботи успешно да соработуваат со луѓе пилоти во тимот, со минимални промени на постојните авиони.
Во една од симулациите E-2D истовремено надгледува операции на полнење на MQ-25 леталото и управува со други воздушни операции како извидување, надзор и следење, а сето тоа се постигнува со користење на стандарден софтвер со минимални промени на интерфејсот на авионите E-2D и F/A-18.
За успешно полнење со гориво битна улога има вештачката интелигенција, односно алгоритмот за машинско учење, со кој драстично се намалува потребата за управување со операции од страна на пилотите. Во идните тестови ќе се испробува надградба на интерфејсот, подобрено автономно однесување и отпорни заштитени мрежи.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)