Има бројни препреки за враќањето на астронаутите на Месечината, а една од нив е развојот на вселенските костими. Имено, доцни изработката на костимите за астронаутите на НАСА и велат дека нема да е остварлив нивниот план за враќањето на Месечината во 2024 година.
НАСА постави амбициозни цели за 2024 година, за кога е најавена првата мисија со човечки екипаж на Месечината после повеќе од 50 години. Мисијата Artemis треба да биде посебна по многу работи, а една од нив е тоа што прв пат по Месечевата површина треба да прошета и жена. Кога станува збор за планирањето толку големи, сложени и захтевни мисии, јасно е дека многу работи може да не тргнат по план и дека еекогаш постои можност за одложување на мисијата.
Токму тоа се случи и сега генералниот инспектор на вселенската агенција, Пол Мартин, изјави дека планот за враќање на Месечината во 2024 година не е остварлив. Она што е посебно интересно е што главниот проблем во остварувањето на таа цел се наведува доцнењето со изработката на вселенските костими. За мисијата на Месечината, НАСА нема да користи стари костими кои ги користат астронаутите на Меѓународната вселенска станица, туку се развиваат целосно нови. Како причина за доцнењето на изработката на костимите се наведува недосгиот на финансии, техничките предизвици, како и поселдиците од корона вирусот. Исто така, проблем е бројот на компании кои испорачуваат делови за вселенските костими зашто станува збор за околу 27 компании.
(CNN)