Брендот за спортска опрема Lululemon создаде ткаенина направена од рециклиран СО2

- Advertisement -

Брендот за спортска опрема Lululemon склучи партнерств со биотехнолошката компанија LanzaTech со цел развивање на ткаенина направена од емисијата на стакленички гасови, кои инаку ќе завршат во атмосферата. Иако материјалот е сличен на материјалот од кој се направени висококвалитетните јога панталони на Lululemon, новиот полиестер е добиен од етанол произведен од страна на микроорганизми кои го јадат загадувањето.

Новозеландската компанија LanzaTech е посветена на претворање на испуштениот јаглерод диоксид во атмосферата во корисни производи како гориво. Преку решенија на природна база компанијата генерира етанол од отпадниот јаглерод диоксид, Заедно со својот хемиски партнер India Glycols и производителот на текстил Far Eastern New Century биотехнолошката компанија го трансформира етанолот во одржлив полиестер.

- Advertisement -

Генерално, отровните гасови кои ги испуштаат фабриките согоруваат и го создаваат ефектот на стаклена градина, а поголемите честички кои се испуштаат се опасни и за луѓето и за животната средина. Со заловувањето на јаглерод диоксидот пред да се емитува и со рециклирање на тој гас јаглеродот ќе остане во земјата. Тоа ќе го ограничи загадувањето и употребата на фосилни горива за проиводство на полиестер. Како резултат, и произодите ќе имаат помал карбонски отпечаток, што е најбитно не само за Lululemon, туку и за целата модна индустрија.

Компанијата добива јаглерод диоксид од различни извори како што се индустриски капацитети, отпад од домачинствата или земјоделски отпад, како и од атмосферата. Со помош на посебни микроорганизми гасот се ферментира до етанол и други хемикалии. Иако процесот е сличен на конвенционалната ферментација, во него нема шеќери и габи и наместо тоа се користи јаглеродот добиен од отпадните гасови и микроорганизмите.

- Advertisement -

Засега овој процес е поскап од производството на полиестер од фосилни горива. За да го решат тој проблем двете компании работат на нов процес кој ќе го претвора гасот директно во материјалот за ткаенина и ќе биде многу поевтин.

(Green Queen)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -