НАСА објави интерактивна мапа за идниот раст на нивото на морињата

- Advertisement -

Глобалното затоплување остава сериозни последици на нашата планета. И додека научниците веќе долго го активираат алармот и предупредуваат дека нашата иднина не е воопшто блескава, ако продолжиме Земјата да ја третираме на ист начин како и досега, во светот многу малку се менува.

НАСА направи алатка која го проектира нивото на светските мориња за луѓето ширум светот да можат да видат со свои очи што ќе ни донесат глолбалното затоплување и климатските промени ако не се освестиме и ако не промениме некои работи. Алатката за визуализација ASA користи податоци од неодамна објавениот извештај на IPCC за климатските промени.

- Advertisement -

Корисниците можат на едноставен начин да ги видат и глобалните и регионалните проекции на нивото на морето од 2020 до 2150 година, но и да видат колку се разликуваат во зависност од избраното сценарио. Со кликнување на одделна локација може да се видат различните физички процеси кои ќе влијаат на нивото на морето, но и да дознаат повеќе за доминантните причини за нивото на морињата во иднина на таа иста локација.

Како изгледаат проекциите можете и сами да видите на NASA Sea Level Projection Tool.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -