Технолошките гиганти ги кратат платите на вработените кои ќе работат од дома

- Advertisement -

Вработените во Google можат наскоро да примаат пониска плата во случај да преминат на постојана работа од дома. Као што дознава Reuters, вработените во Google, посебно тие што работат на голема оддалеченост, платата може да им биде намалена во зависност од оддалеченоста од местото на работа.

Како пример се наведува еден од вработените во компанијата кој сака да остане анонимен, но кому му се заканиле дека платата ќе му биде скратена за 10% затоа што сакал да работи од дома со полно работно време. Затоа, сепак одлучил да продолжи да работи од канцеларија, и покрај тоа што мора да патува 2 часа до работа.

- Advertisement -

„Тоа е намалување на платата во вредност од покачувањето кое неодамна го добив. Не вложив толкав труд за да напредувам и потоа да ми ја намалат платата“ велат вработените.

Намалувањето на платата, во зависност од оддалеченоста, се движи од 5% до 25%. Сепак, портпаролот на Google изјави дека нема да ги менува платите на вработените на основа од тоа каде работат. Вработените кои работат во канцеларија во Њујорк исто ќе бидат платени исто како вработените кои работат на далечина од руга локација во Њујорк, вели портпаролот.

- Advertisement -

Но, од Google не нагласуваат што е со вработените кои работат од други градови. Инаку, како што пишуваат медиумите, Facebook и Twitter исто така ги намалиле платите на вработените кои работат од дома, а се селат од поевтини градови.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -