Јапонците дизајнираа кимоно за секоја држава во светот, вклучително и Македонија!

- Advertisement -

The Kimono Project претставува јапонски дизајнерски потфат за креација на специјално кимоно за секоја држава во светот.

Проектот траел неколку години, а својата цел ја достигнал во пресрет на Олимписките игри во Токио. Оригинално, планот бил комоната да бидат претставени како дел од церемонија за отворање на игрите, но поради рестрикциите поврзани со пандемијата – тоа не се остварило.

За среќа, дизајните се прикачени онлајн и може слободно да се разгледаат на следниот линк.

- Advertisement -

Разбирливо, ние најпрвин ја пребаравме Македонија и наидовме на овој прекрасен дизајн:

Како основа е земена црвената боја на националното знаме, додека деталите се обрабени со златно-жолт конец. Кимоното е преплетено со арабески кои комбинираат афионови цветови, лозови листови и грозје. Извезени се пејсажи на Охридското Езеро со црквата Св. Јован Канео, како и скопскиот плоштад со Камениот Мост. Според описот, во дизајнот е вклучено и името на Кензо Танге, јапонскиот архитект кој го постави основиот план на Скопје по земјотресот во 1963 година, како доказ за пријателството помеѓу Јапонија и Македонија.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -