„Адидас“ го продава „Рибок“

- Advertisement -

Производителот на спортска опрема „Адидас“ го продава „Рибок“ на компанијата  Authentic Brands Group (ABG)  за сума од 2.5 милијарди долари.

„Адидас“ го купи „Рибок“ во 2006 година за 3.5 милијарди за да се натпреварува со најголемиот ривал „Најк“, но поради слабата успешнос на марката, вложувачите вршеле притисок на компанијата да го стави „Рибок“ на продажба, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, „Адидас“ со својот сопствен бренд и со помош на соработката со славните личности како Кање Вест, Бионсе и Фарел Вилијамс, успеа да ја урне доминацијата на „Најк“ во САД.

- Advertisement -

По продажбата „Рибок“ ќе го задржи своето седиште во Бостон и ќе продолжи со работа во Северна и Јужна Америка, во Азиско-пацифичкиот регион“ и во Европа.

ABG за 11 години собра повеќе од 30 брендови, кои се продаваат во 6.000 продавници. Во неговите стокови марки се вклучени и „Aeropostale“ и „Forever21“, како и списанието Sports Illustated.

Сподели!
- Advertisement -