Јули 2021 година е најтоплиот месец откога почнало мерењето на температурата пред 142 години, велат податоците на американската Национална агенција за истражување океани и атмосфера (NOAA).
Рик Спинрад, директор на организацијата, потсети деја јули воопшто е најтопол месец во годината меѓутоа годинашниот рекорд е една од последиците на деструктивниот начин на кој климатските промени го погодуваат светот.
Националната управа за океани и атмосфера напоменува дека нивните месчени извештаи се одраз на долгорочните промени наведени во извештајот на Меѓувладиниот одбор на Обединетите нации за климатски промени, објавен минатата недела.
Во извештајот се предупредва дека во 21 век ќе се покачи глобалното затоплување за 2 степени Целзиусови ако ништо не се преземе.
(N1)
(фото: Pixabay)