НАСА планира мисија на Титан во потрага по вонземски живот

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА планира мисија на месечината на Сатурн, Титан. Титан има некои неверојатни сличности со Земјата. Најголемата месечина на Сатурн има густа атмосфера и е единственото небесно тело во нашиот соларен систем покрај Земјата за кое се знае дека има реки, езера и мориња. Меѓутоа, главната разлика е во тоа што не се исполнети со вода, туку со течен метан.

Затоа постои можност на Титан да има некаков живот, можеби многу поинаков од оној што го познаваме на Земјата, а еволуирал на таа месечина. НАСА планира да испрати летало на Титан на средината на 2030-тите години, а тимот кој стои зад овој проект постави амбициозни цели и својата мисија ја нарече Dragonfly.

- Advertisement -

Леталото ќе биде поголема верзија на хеликоптерот Ingenuity, кој се наоѓа на Марс и кој стана првата машина која ја произвел човекот, а која изврпила контролиран лет на друга планета. Новото летало ќе посетува различни локации на титан и ќе собира примероци, а главната цел е да се провери дали на Титан имало, дали има сега и дали постои потенцијал за каква било форма на живот. Во текот на мисијата Dragonfly ќе се трага по хемиски биопотпис на живот базиран на вода.

Претходната мисија на Сатурн беше сондата Cassini на НАСА, која направи многу фотографии и собра многу податоци пред нејзиниот контролиран пад на планетата. Сепак, таа мисија отвори многу повеќе прашања отколку што одговори, поради што според тимот на Dragonfly, Титан е утопија за истражувачите.

- Advertisement -

Тимот веќе избра место за слетување на Dragonfly. Леталото ќе се спушти на песочните дини во близина на екваторот на Титан, а тоа ќе му овозможи да собере органски седименти пред да тргне за другите региони. На секоја локација ќе остане еден титански ден, односно околу 16 дена на Земјата. Крајната цел е кратерот Селк, широк 80 км, каде што веројатно ќе најде знаци на вода помешана со материјали на површината.

Лансирањето на Dragonfly се очекува во 2026 година, а доаѓањето на Титан се очекува до 2034 година. Кога ќе стигне таму, леталото веројатно ќе донесе револуција во нашите сознанија за соларниот систем, ќе испрати многу фотографии од вселената и уште многу работи.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: snl.no)

Сподели!
- Advertisement -