15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

ФИТР: Достапни се 8 милиони евра финансиска поддршка за иновативни проекти на македонските компании

Kabtel desktop

Директорот на ФИТР, Коста Петров и Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи го презентираа јавниот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па сѐ до преткомерцијална фаза.

8 милиони евра финансиска поддршка се достапни за иновативни проекти на македонските компании. Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20 милиони денари по проект:

За претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.

За претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •