Facebook и Google ќе постават подморски кабел за Интернет долг 12.000 км

- Advertisement -

Со цел подобрување на поврзаноста на интернет и ефикасноста во Азиско-пацифичкиот регион компаниите Facebook и Google заедно ќе реализираат исклучително битен проект. Станува збор за проектот Apricot, кој вклучува поставување подморски кабел. Оваа мрежа треба да биде оперативна до 2024 година, а нејзината задача е подобрување на конекцијата меѓу Азија и Северна Америка.

Освен тиа компании, во проектот учествуваат и некои други регионални играчи. Кабелот долг 12.000 км ќе ги поврзува Јапонија, Тајван, Гуам, Филипините, Индонезија и Сингапур, а истовремено ќе имаат конфигурација која нуди флексибилност. Кабелот ќе поддржува брзина на пренос на податоци од над 190 терабити во секунда.

- Advertisement -

Претходно годинава Facebook најави друг проект на подморски кабел кој се состои од два кабли под Тихиот Океан, а тоа се Echo и Bifrost, кои ќе ги поврзуваат Сингапур и Северна Америка. Google, пак, има мрежа од 18 подморски кабли кои овозможуваат пристап до услуги во облак на оваа компании за кој било дел од светот.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Free Images Live)

Сподели!
- Advertisement -