Европската комисија го одобри нашиот дигитален сертификат за ковид-19

- Advertisement -

Европската комисија вчера го одобри нашиот дигитален сертификат за ковид-19. Нашата држава, како што информира Министерството за здравство, е прва во регионот за која сертификатите за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

– Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против ковид-19 одобрени од ЕУ, соопшти Министерството.

- Advertisement -

Од Министерството вчера, меѓу другото, потенцираа дека стручните препораки во однос на имунизација против ковид-19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО.

Сподели!
- Advertisement -