Најголемата соларна батерија во светот сега е 75% готова

- Advertisement -

Manatee Energy Storage Center – најголемата соларна батерија во светот – сега е 75% готова. 100 од вкупно 132 контејнери веќе се инсталирани. Батеријата се наоѓа во округот Манати во Флорида, САД и се очекува да биде целосно функционална до крајот на годината.

Кога ќе биде целосно готова, системот ќе има капацитет од 409 мегавати, а ќе има спсобност да создава 900 мегават-часови енергија. Тоа е доволно за да се напојуваат 329.000 домови во текот на 2 часа.

- Advertisement -

Овој проект е дел од напорите на Флорида да стане лидер во одржливоста и да ја нуди најдобрата вредност на енергијата во Америка, односно енерија што не само е чиста и обновлива, туку е и евтина.

Батеријата ќе ги замени електраните на јаглен на компанијата. Во јуни годинава беше затворена првата електрана на јаглен по повод достигнувањето на прагот 40% од реализацијата на планот за инсталирање на 30 милиони соларни панели до 2030 година.

- Advertisement -

Батеријата ќе складира енергија за да може домовите да се напојуваат со енергија и која нема сонце, што значи дека нема да се користат други извори ан енергија кои загадуваат. Според FPL, секој батериски модул може да складира енергија еднакво на 2.000 батерии на iPhone. Целосниот батериски систем е еднаков на 100 милиони батерии на iPhone, а контејнерите ќе бидат поставени на површина еднаква на 30 фудбалски игралишта. Животниот век на батеријата ќе биде 40 години.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: FPL)

Сподели!
- Advertisement -