Кризата со недостигот од чипови нема крај, а проблемот најтешко ја погодува автомобилската индустрија, иако со истиот предизвик се борат и други индустрии. Какви последици ќе има недостигот од чипови за компаниите, а и потрошувачите можеме да видиме од примерот на најголемиот светски производител на автомобили, Toyota. Имено, компанијата само што објави дека од идниот месец ќе го намалат глобалното произвосство на автомобили за дури 40%.
Така, наместо планираните речиси 900.000 возила, идниот месец ќе бидат произведени околу 540.000 автомобили, што ќе се рефлектира на доцнењето на испораката на автомобилите ширум светот. Јапонската компанија, со мали исклучоци, досега успеваше да го одржува планираното производство затоа што во текот на минатите години направија залихи од чипови, но изгледа дека сега тие залихи се потрошиле. Исто така, проблеми со испораката и производството на чипови се појавија и поради ширењето на заразата на корона вирусот во азиските држави.
Нема добри вести и од вториот најголем производител на автомобили во светот, Volkswagen. Компанијата уште порано го намали производството на автомобили и најавија можност за ново намалување. Имено, бидејќи е јасно дека пазарот на чипови нема да закрепне до крајот на годината, а побарувачката е поголема од понудата, тоа може да се одрази и на производството на новите модели на VW. Што се однесува на останатите автомобилски компании, тие уште претходно најавија намалување на планираното производство, па така од производните ленти на General Motors, Ford, Nissan, Daimler, BMW и Renault излегоа помалку возила во однос на олекувањат и предвидувањата.
(BBC)
(фото: Flickr)