Најголемиот светски синџир на кинo-сали најави дека ќе прима биткоин

- Advertisement -

Најголемиот светски синџир на кина AMC најави дека ќе почне да воведува технологија за љубителите на филмови во САД да можат своите билети и грицките да ги платат со биткоин од крајот на годинава.

Изминатите шест месеци морав да научам повеќе за блокчеин технологијата и за криптовалутите отколку што научив во текот на една деценија“ изјави извршниот директор на компанијата, Адам Арон.

- Advertisement -

Тој додаде дека компанијата исто така истражува како поинаку AMC може да учествува во овој нов растечки универзум на криптовалути, како и дека се прилично заинтригирани со потенцијално профитабилните бизнис можности.

Зaсега овој потег ќе им овозможи на купувачите да купуваат билети онлајн со биткоин за сите киносали на AMC во Америка. Инвеститорите оваа вест ги развесели и акциите на AMC после најавите скокнаа за 5,3%.

- Advertisement -

Бидејќи криптовалутите стануваат се попопуларни, се поголем број компании истражуваат како да ги вклучат во своите бизниси. Минатиот месец вредноста на виртуелните валути скокна после некои изјави на Илон Маск и Џек Дорси, извршните директори на Tesla и на Twitter.

Маск тогаш откри дека две негови компании, Tesla и Space-X, поседуваат биткоин, додека Дорси изјави дека оваа критповалута може да стане главен дел од стратегијата на Twitter за во иднина.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -