Велика Британија одобри нов лек за КОВИД-19

- Advertisement -

Велика Британија одобри нова терапија за лекување на КОВИД-19. Станува збор за лекот „ронапреве“, кој користи антитела направени во лабораторија за борба против вирусот. Како што појаснија од британскиот регулатор на лекови, „ронапреве“ покажал добри резултати во спречувањето на инфекцијата и ја намалил потребата за хоспитализација на заболените.

Но, лекот е многу скап и веројатно ќе биде резервиран само за луѓето кои се во голема опасност да ги развијат најсериозните форми на болеста. Се проценува дека една доза од лекот може да чини од 1.000 до 2.000 фунти. Се очекува дека наскоро ќе биде достапен во британскиот здравствен систем.

- Advertisement -

Лекот го произведуваат компаниите Regeneron и Roche, кои го развија откако во лабораториски услови ја тестирале ефикасноста на моноклоналните антитела casirivimab и imdevimab, познати и како REGN10933 и REGN10987. Двата вида антитела кои се покажале најефикасни потоа се употребени за развој на терапија која се покажа ефикасна и против новите варијанти на корона вирусот.

Вештачки создадените антитела се залепуваат за протеините, кои се дел од вирусот одговорен за влегувањето на вирусот во клетките. Тоа спречува вирусот да навлезе во клетките и да почне со размножување и му дава на имунолошкиот систем повеќе време за да почне бoрба против вирусот.

- Advertisement -

„Ронапреве“ прв пат и стана познат на јавноста кога беше откриено дека е еден од експерименталните лекови кои во текот на терапијата ги примал поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -