Фирмите ќе мора да имаат офицер за заштита на лични податоци

- Advertisement -

Личен податок, според Законот, е секоја информација што се однесува на идентификувано лице или физичко лице што може да се идентификува.

Секоја компанија, без разлика дали е мала, средна, голема или институција и организација, од вчера мора да имаат офицер за заштита на лични податоци.

- Advertisement -

Заштитата на личните податоци ќе биде на повисоко ниво од досега, со тоа што контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и приспособување на воспоставениот систем за заштита на личните податоци. Ова го предвидува новиот Закон за заштита на личните податоци, кој стапи на сила вчера, а е донесен во февруари годинава.

Со примената на овој закон, се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

- Advertisement -

– Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи што се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста што произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во Македонија, почнувајќи од вчера, започнува со целосна примена новиот Закон за заштита на личните податоци. Тоа, од една страна, овозможува нормативно, а со започнувањето со примена и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската Унија во оваа област – наведуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).

Личен податок е секоја информација што се однесува на идентификувано физичко лице или кое може да се идентификува. Вака дадената дефиниција дава широк спектар на тоа што сè може да претставува личен податок, вклучувајќи име и презиме, ЕМБГ, локација или онлајн идентитет, што ќе предизвика големи промени во технологиите и начините на коишто компаниите обработуваат лични податоци. Дури и псевдонимизираните податоци може да се сметаат за лични податоци и потпаѓаат „под капата“ на Законот за заштита на личните податоци, во зависност од тоа колку е веројатно да се поврзе псевдонимот со конкретно физичко лице.

- Advertisement -

Во посебна категорија на лични податоци спаѓаат информации што откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, генетски податоци, биометриски податоци, податоци за здравјето, податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација, а кои се сметаат за посебна категорија на лични податоци. Имајќи ја предвид нивната чувствителност, а со тоа и ризиците што постојат за субјектите на личните податоци, нивната обработка бара посебни услови и построги мерки за нивна заштита.

Личните податоци во врска со осуди за кривични дела не претставуваат посебна категорија на лични податоци, но и за нив, како и за посебната категорија на лични податоци, се предвидени дополнителни сигурносни заштитни мерки.

Сподели!
- Advertisement -