Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје

- Advertisement -

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари”, Дане Јошев, пренесувајќи ги информациите од вчерашната средба со министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа и претставниците на другите земјоделски здруженија.

Јошев очекува наредната недела да се одржи нова средба, на која ќе се разговара за откупната цена.

- Advertisement -

„Бараме постигнатата цена да биде заштитена со закон и да нема можност одделни винарии да манипулираат со цените. Бараме, исто така, засилени инспекциски контроли за да нема крадење на вагите и при мерењето на шеќерноста, како и прогласување елементарна непогода поради сушата“, истакна Јошев на прес-конференција.

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -