Првиот хеликоптер во светот кој работи на водород е речиси готов и планирано е да почне да лета во 2025 година. Тимот составен од HyPoint и Piasecki Aircraft неодамна потпишаа партнерство за изградба на првиот хеликоптер кој како гориво користи водород. Тие паралелно ќе работат на развојот на водородни горивни ќелии на водород кои ќе може да се користат во секое електрично беспилотно летало со вертикално полетување во светот (eVTOL). Целта им е да го зголемат досегот на леталата.
Тимот планира да ги искористи најновите водородни горивни ќелии на HyPoint, кои произведуваат до 2.000 вати по килограм и имаат висока густина на енергија од 1,500-Wh/kg, што е голем чекор напред во поглед на досегот на леталата.
За да ви биде појасно, ќе направиме споредба со денешните литиум-јонски батерии. Традиционалните литиум-јонски батерии кои се уште ги користат најголем дел од eVTOLs може да достигнат густина на енергија од околу 350-Wh/kg. Тоа значи дека водородните горивни ќелии би биле трипати поефикасни.
Првичниот план е да се развијат пет системи од водородни горивни ќелии со 650-Kh/kg, кои ќе бидат поставени во хеликоптерот PA-890 eVTOL на Piasecki Aircraft. Најпрвин системите на HyPoint треба да поминат тестирање на копно и да ги добијат сите сертификати, да направат демо летови и на крајот целиот систем ќе има четири пати поголема густина на енергија од таа на денешните литиум-јонски батерии.
Кога ќе биде готов хеликоптерот Piasecki ќе ја има ексклузивната лиценца за технологијата, а HyPoint ќе ја задржи сопственоста на оригиналната технологија за водородните горивни ќелии. Кога ќе биде готов новиот систем ќе може да го продаваат на компании за eVTOL во целиот свет.
(Interesting Engineering)
(фото: HyPoint)