Првиот електричен товарен брод во светот без екипаж тргнува на првото патување

- Advertisement -

Автономниот транспорт на товар во иднина нема да биде ограничен само на камиони и авиони, туку ќе се користат и автономни електрични бродови. Еден таков брод наскоро тргнува на првото патување без екипаж.

Станува збор за брод на компанијата Yara International кој го носи името Yara Birkeland, а до крајот на годинава ќе заплови во Норвешка како првиот целосно автономен електричен товарен брод во светот. Ќе плови од Хероја до Бревик, а патувањето ќе го следат три оддалечени контролни центри.

- Advertisement -

Бродот Yara првобитно е развиен како концепт во 2017 година и требапе да заплови во 2020 година, но пандемијата на корона вирусот го одложи патувањето. Не станува збор за општо првиот брод без екипаж затоа што фински траект пловеше уште во 2018 година, но Yara е првиот електричен товарен брод кој самостојно плови.

Бродот има погонски систем од 900 kW, а максималната брзина му е 13 јазли (24 км/ч). Батеријата од 7 MWh се полни долго време, но се верува дека тоа ќе биде една вредна исполнета еколошка цел.

- Advertisement -

Компанијата очекува дека Yara ќе замени околу 40.000 патувања со камион годишно и драстично ќе ја намали емисијата на CO2 и азоте оксид во земјата која доста зависи од хидроелектраните.

Сепак, проблем може да претставуваат законите во различните земји кои се однесуваат на морето, но и на автономната технологија, како и неможноста автономните бродови да навигираат во некои прометни пристаништа.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -