LG го претстави својот напредок во развојот на 6G

- Advertisement -

Многумина допрва почнуваат да ги увидуваат бенефитите од 5G смартфоните и комуникациската технологија. 5G е значително побрза од LTE технологијата и многу делови од светот се уште чекаат да добијат 5G technology. И покрај тоа шѕо 5G технологијата е релативно нова, LG веќе работи на идната генерација на мобилна комуникациска технологија – 6G.

LG Electronics неодамна соопшти дека успешно демонстрирале пренос и примање на 6G терахерц податоци на растојание од 100 метри. Истражувачите од LG успеале да ги пренесат податоците на тоа растојание во надворешни услови со помош на Fraunhofer-Gesellschaft. Ова достигнување било остварено на 13 август, а податоците биле пренесени од Институтот Фраунхофер Хајнрих Херц до Институтот Берлин за технологија.

- Advertisement -

Има уште битни пречки кои треба да се надминат во развојот на 6G кога станува збор за преносот на податоци на долги растојанија. Од LG велат дека 6G терахерц технологијата има краток досег со значителна загуба на енергија во текот на преносот и примањето помеѓу антените. Таа загуба на енергија значи дека еден од наголемите предизвици во развојот на таа технологија е засилувањето на енергијата за осигурување стабилни сигнали на ултраширокопојасни фреквенции.

LG создаде засилувач на енергија кој генерира стабилен сигнал до 15 dBm на фреквенција од 155 до 175 гигахерци. Истражувачите исто така демонстрираа адаптивна технологија за формирање зраци која може да го насочува сигналот како штои се менува позицијата на каналот и на примателот.

- Advertisement -

Истражувачите очекуваат дека нивната технолгија ќе стане глобално стандардизирана до 2029 година. Како што се случи со префрлањето од LTE на 5G, 6G мрежите ќе поддржуваат значително побрз безжичен пренос и поголеми брзини на комуникација со помала латенција.

(Slash Gear)

Сподели!
- Advertisement -