Виетнам ја засилува загриженоста на целиот свет за непреченото снабдување со кафе затоа што оваа земја од Југоисточна Азија се уште е во карантин. Извозот од земјата е под строги контроли откако се оојави доста голем број на заразени со делта варијаната во земјата.
Виетнам е голем производител на робуста, најгорчливите зрна кафе кои се користат за производство на инстант кафиња и за некои мешавини за есопресо. Цените на робуста во големопродажба се покачија за 50% досега во текот на оваа година.
Карантинот во градот Хо Ши Мин во Виетнам значи дека извозниците од Виетнам имаат проблеми за да извезат производи од земјата, вклучувајќи го и кафето, во целиот свет.
Ограничувањето на патувањето е уште еден проблем за извозниците, кои веќе се соочуваат со недостиг на контејнери за транспорт и многу повисоки цени за транспортот. Градот Хо Ши Мин и неговите пристаништа се клучен дел од глобалната мрежа за транспорт со бродови, која се протега од Кина до Европа.
(BBC)
(фото: Pixabay)