Објавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 % во однос на Одлуката од 23.8.2021 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.

- Advertisement -

Од 31.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           71,00   (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            73,00   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      62,50   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             62,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      37,019  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување:  бензинот за 2,338 %, дизелот за 3,952 %, екстра лесното масло за 4,602 %  и кај мазутот зголемување е за 3,891 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,152 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.8.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 23.8.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Сподели!
- Advertisement -