Научници тврдат дека еден хот-дог може да ви го скрати животот за 36 минути

- Advertisement -

Научници од американскиот Универзитет Мичиген открија дека консумирањето еден хот-дог може да ви одземе 36 минути живот. Во истражувањето објавено во списанието Nature Food истражувачите испитувале 5.853 продукти кои најчесто се користат главно кај американската популација. Тие ги измериле ефектите на производите во минути здрав живот кои луѓето би можеле да ги стекнат или да ги изгубат.

„Сакавме да направиме здравствена проценка на корисните и на штетните влијанија на храната врз комплетната исхрана“ изјави за CNN, Оливие Џулиет, професор кој се занимава со заштита на животната средина.

- Advertisement -

Тимот со истражувањето открил колку време од животот изразено во минути се губи со консумирањето одредени продукти.

На пример, 0,45 минути се губи по грам преработено месо или 0,1 минута се добива по грам овошје. Потоа се пронаоѓаат состојките на одредена храна и тој број се помножува со вредностите на секој продукт.

- Advertisement -

„Еден од оброците кои истражувачите ги испитуваа е стандардниот хот-дог. Неговите 61 грам преработено месо резултираат со загуба од 27 минути здрав живот, но кога ќе се земат предвид и состојките како натриум и транс масните киселини, конечната вредност е изгубени 36 минути“ вели Џулиет.

Од друга страна, консумацијата на храна како јаткасти плодови, морски плодови, овошје и зеленчук без скроб има позитивни ефекти на здравјето, покажало истражувањето.

- Advertisement -

„Индексот кој го откривме певенствено е тука за да помогне во изборот и користењето на калориите кои секојдневно се консумираат и да придонесе за минимална промена за да се постигне максимална корист за здравјето и за животната средина“ додава Џулиет.

Поентата е да се избира подобра храна, а не да се троши време на математика, заклучува тој.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -