Русија ќе го снима првиот долгометражен филм во вселената

- Advertisement -

Шефот на рускатра вселенска агенција Roskosmos, Дмитриј Рогозин, откри дека на 5 октомври нова експедиција ќе тргне кон Меѓународната вселенска станица, во рамките на која планираат да испратат кинематографска група од водечки телевизиски канал. Притоа, ги повика Илон Маск, Џеф Безос и Ричард Бренсон да му се придружат во колевката на светската космонаутика – космодромот Бајконур.

Sojuz MS-19 ќе го испрати рускиот филмски режисер Климо Шипенкоо и актерката Јулија Пересид на Меѓународната вселенска станица да го снимат филмот „Vizov”, што на руски значи „Предизвик“. Тие двајца планираат да поминат една недела во снимање на првиот долгометражен филм снимен во вселената. Потоа ќе се вратат со вселенскиот брод Sojuz MS-18 со космпонатутот Олег Новицки, кој е на сателитот со човечки екипаж од април.

- Advertisement -

(B92)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -