Има многу книги и филмови за тоа како би изгледал животот на Марс, но сега има реплика на Марс на Земјата и потребни се жители за да се тестира животната средина.
Компанијата за напредна технологија за 3Д печатење ICON, позната по тоа што го направи првиот 3Д печатен дом во САД и првата 3Д печатена заедница во светот, сега својот фокус го стави на Црвената планета. Технички, марсовското живеалиште Mars Dune Alpha ќе се наоша во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон, Тексас, но ќе биде населена со обични жители со цел да се измерат нивните потреби за храна, физичките реакции и менталните перформанси за идните жители на Марс.
„Ова е најверодостојна симулација на Марс која која било е создадена од луѓето. Mars Dune Alpha треба да служи за многу специфична цел – да ги подготви луѓето за живот на друга планета на многу долг рок. Сакавме да направиме што поверодостоен аналог со цел да помогнеме во мисијата на човештвото да го прошириме нашето живеалиште кон ѕвездите“ вели Џејсон Баларс, соосновач и извршен директор на ICON.
Симулацијата на Марс е на површина од 130 квадратни метри, а ја дизајнираше архитектонската компанија Bjarke Ingels Group (BIG). Составена е од посебни простории за членовите на екипажот, кујна, дел за разонода, две бањи, фитнес и внатрешна градина за одгледување хеана.
Програмата прима апликации до средината на овој месец за престој во симулативното живеалиште во текот на 2022 година. Кандидатите мора да имаат магистрирано во некоја од СТЕМ областите, да се на возраст од 30 до 55 години и да имаат најмалку две години искуство од сродна област. Апликантите ќе мора да поминат психолошки, медицински и физички проценки.
(Inhabitat)
(фото: Bjarke Ingels Group)