Кина им забрани на децата да играат видеоигри повеќе од 3 часа неделно

- Advertisement -

Кина на децата помлади од 18 години им забрани да играат видеоигри повеќе од 3 часа дневно со цел да ја намали зависноста од игрите која властите ја нарекуваат духовен опиум.

Новите правила објавени вчера се дел од попироката кампања на Пекинг со цел да се зајакне контролата над општеството и над клучните економски сектори, вклучувајќи ја технологијата, образованието и пазарот на недвижности после повеќегодишниот нагорен тренд.

- Advertisement -

Ограничувањата се однесуваат на сите платформи, вклучувајќи ги паметните телефони, и се голем удар за глобалната индустрија за видеоигри, на која младите играчи и се најисплатлив пазар.

На децата под 18 години во Кина со новите правила им се ограничува играњето видеоигри на само еден час дневно, од 20 до 21 часот, и тоа во петок, сабота и во недела. Еден час дневно ќе можат да играат и на државни празници.

- Advertisement -

Правилата кои ги воведе регулаторот Националната агенција за медиуми и издаваштво доаѓаат во време кога Пекинг води битка со кинеските технолошки гиганти како Alibabа и Tencent Holding.

Кампањата на кинеската власт го таргетира она што државата го нарекува див раст на некои компании, што доведе до загуба од милијарди долари на берзите во Кина и во странство.

- Advertisement -

„Тинејџерите се нашата иднина. Заштитата на телесното и на менталното здравје на младите е од витален интерес на нацијата и е поврзана со култивирањето на младите генерации во време на национално подмладување“ велат од Агенцијата.

Компаниите кои произведуваат видеоигри нема да смеат на децата да им нудат услуги надвор од одреденото време и ќе мора да воведат системи за верификација во реално време, соопшти регулаторот.

Со правилата воведени во 2019 година Кина им го ограничи на децата играњето видеоигри на 1 час и 30 минути дневно и 3 часа дневно за време на празници.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -