Кинезите сакаат да изградат мегастаница во орбитата каде што трајно ќе живеат луѓе

- Advertisement -

Кина има нов петогодишен план кој ја истакнува итната потреба за развој на вселенски мегапроекти како што се човечките населби и вселенските соларни електрани. Кинеската федерална агенција за наука ја истражува можноста за изградба на ултраголема вселенска станица поради, како што велат, итната потреба за структура надвор од Земјата.

Кинеската национална агенција за природни науки има петгодишен план за проучување на голема воздухопловно-вселенска опрема и долгорочно бнаселувањена луѓето во орбитата. Планот на NSFC сугерира дека на прво место на листата со приоритети ќе им биде изградба на oлесни компоненти кои може посебно да се лансираат во вселената и таму да се спојат. Таквата техника на изградба на вселенски објекти е користена и при изработката на Меѓународната вселенска станица.

- Advertisement -

Кинеските научници се надеваат дека тој пристап ќе можат да го користат и за изградба на вселенски мегапроекти, но на сосема ново ниво. Некои од тие напори кинеските научници ги објаснија во студија објавена во 2020 година во научното списание Chinese Journal of Aeronautics. Тие истакнуваат дека традиционалните методи на лансирање во вселената не ги задоволуваат постојните потреби. Во студијата се наведува и дека технологијата на изградба во вселената може ефикасно да ги подобри перформансите на вселенските летала и да ги намали оперативните трошоци.

(Space News)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -