Научници развиваат лек за корона вирусот направен од змиски отров

- Advertisement -

Бразилски научници открија дека молекула од отровот на змијата јараракусу, ендемска јужноамериканска змија, ја намалува репродукцијата на корона вирусот во клетките на мајмуни. Тоа е потенцијален прв чекор кон развој на лек за корона вирусот.

Студијата објавена во научното списание Molecules покажа дека молекулата која ја произведува јараракусу, која воедно е една од најотровните јужноамерикански змии, ја намалила способноста на вирусот да се размножува за 75%.

- Advertisement -

„Успеавме да докажеме дека оваа компонента на змискиот отров може да инхбира многу битен протеин од вирусот“ изјави Рафаел Гвидо, професор од Универзитетот Сао Пауло и автор на студијата.

Молекулата е пептид или синџир од аминокиселини кој може да се поврзе со ензимот на корона вирусот PLPro, кој е многу битен за неговата репродукција. Притоа, не нанесува штета на други клетки.

- Advertisement -

Пептидот веќе е познат по своето антибактериско дејство, а може да се синтетизира во лабораторија, вели Гвидо, па затоа не е потребно да се фаќаат змиите или да се одгледуваат.

„Внимателни сме поради луѓето кои би можеле да одат во лов на јарарајусу по Бразил, мислејќи дека ќе го спасат светот. Тоа не е така. Отровот сам по себе нема да го излечи корона вирусот“ Вели Џузепе Пуорто, херпетолог кој има биолошка збирка на Институтот Бутантан во Сао Пауло.

- Advertisement -

Идниот чекор на научниците е да се процени ефикасноста на различни дози од молекулата и да се открие дали воопшто е способна да го спречи вирусот да навлезе во клетките, соопшти Државниот универзитет Сао Пауло, кој бил вклучен во истражувањето.

Тие се надеваат дека ќе ја тестираат молекулата на човечки кклетки, но не наведуваат кога.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -