Потребна е заедница на способни и мотивирани луѓе коja ќе понуди ресурси за развој на стартапите!

- Advertisement -

Интервју со г. Камен Банковски, ментор на Акцелераторската Програма на Акцелераторот УКИМ. Банковски е член на Vitosha Venture Partners (https://vitosha.vc), фонд за ризичен капитал во рана фаза со седиште во Софија, Бугарија. Учествувал и бил ментор на повеќе старт-ап компании во неговата земја и регионот.

Тој претходно беше член на управниот одбор и менаџер во водечка технолошка компанија во земјата. Камен, исто така, има претходно искуство во менаџмент -консалтинг со акцент на дигиталната трансформација и советување за трансакции и финансирање на проекти во обновлива енергија и здравствена заштита.

- Advertisement -

Господин Банковски, која ќе биде вашата улога во акцелераторската програма BAU APA2021 и која беше вашата мотивација да се вклучите?

Многу сум среќен што придонесувам и учествувам во акцелераторската програма BAU APA2021 на темите за валидација на бизнис моделот и финансиско планирање. Финансиите се клучен успешен двигател за претприемачите. Меѓутоа, финансиите, исто така, можат да бидат предизвикувачка област за луѓето кои не ги проучиле конкретно. И тешкотијата доста често е психолошка и доаѓа од верувањето дека темата е премногу комплицирана или е тешко да се сфати. Меѓутоа, основите, оние што се најкорисни за претприемачите секојдневно, можат брзо да се разберат и спроведат, без потреба од длабинска финансиска писменост. Без разлика дали планираат почеток на нивната компанија, обезбедување на финансии или ја водат нивната компанија, рамката што треба да се искористи и која лесно може да се научи е слична.

- Advertisement -

Зошто се важни овие акцелераторски програми и кои се бенефитите од нив за стартап компаниите?

Во Vitosha Venture Partners секојдневно добиваме доста старт-ап апликации и можеме јасно да ги разликуваме компаниите што биле дел од инкубација, пред-акцелераторска или акцелераторска програма или било кој тип на програма наменета за поддршка на стартапите. Од една страна, овие програми многу брзо и интензивно го вклучуваат бизнис концептот кој е потребен за развој на идеја или прототип, и претворање во бизнис со солидна и добро разбрана стратегија и јасни оперативни системи воспоставени за да се обезбеди успех на стартапот. Менторите од таквите програми често се експерти во индустријата и се најсоодветни да им помогнат за специфичните проблеми со кои се соочува компанијата и всушност може да го променат животот. Покрај тоа, тие можат да станат нивни долгорочни советници, па дури и инвеститори, доколку се најде заедички интерес меѓу менторите и стартапот. Дополнително, прифаќањето во таква програма претставува високо ниво на валидација на стартапот. Ваквите програми имаат ригорозни процеси на селекција што укажува на ниво на квалитет и подготвеност што го гледаат инвеститорите. Да не зборуваме дека демо денови на вакви програми честопати ги посетуваат мноштво инвеститори.

- Advertisement -

Ве молиме да споделите со нас некои остварувања и успеси на Vitosha Venture Partners од соработка со стартапи?

Првото затворање на нашиот фонд го имавме во септември 2020 година и ги направивме првите инвестиции на почетокот на 2021 година. Нашите први четири портфолио компании имаа мерлив напредок за краткиот временски период во кој соработувавме со нив. Една од нашите компании – Econic One, една од најбрзо растечките компании за електрични велосипеди во Европа, има сериозен раст и излезе на новиот пазар со повеќе од сто нови продажни места и годинава петкратно ги зголеми приходите. Hobo, заедничка компанија за микро мобилност, влезе во два нови града во Бугарија, влезе во партнерската програма за лојалност на Visa и сериозно ги исполнува клучните показатели за успешност. Квендо, чија апликација е наменета за краткорочен престој, заедно со услуги за управување со недвижности за сопствениците на имотот, ги зголеми месечните приходи за 30% и започнува со работа во две нови земји во регионот, од кои една е Македонија. Eirene, иновативен луксузен бренд за деца, ја зголеми директната продажбата за 30%. Ние им помагаме на сите наши портфолио компании преку стратешки и оперативни насоки, истовремено со отворање на нашата мрежа за развој на бизнисот со цел за стекнување нови клиенти. Нашето портфолио штотуку достигна вкупно 17 компании и со нетрпение очекуваме да достигнеме до 40 до крајот на годината. Со нетрпение очекуваме да видиме како понатаму ќе го развиваме партнерство со нашите портфолио компании.

Кажете ни кои се трендовите сега во развиените стартап екосистеми и како тие може да бидат корисни за екосистеми во развој, каков што е македонскиот?

Темата за развој на екосистемите привлекува големо внимание и дебати. Дали тие настануваат поради владина поддршка, поради обезбедување финансиска инфраструктура и капитал, или поради силни модели на улоги и лидерство во заедницата? Меѓународните успешни примери покажаа дека не постои единствена најдобра рамка за екосистеми со голем потенцијал за раст. Дали пристапот на развој оди оддолу-нагоре или обратно ќе работи најдобро за развој на екосистем, зависи од контекстот на екосистемот и неговата почетна точка. Меѓутоа, она што го делат успешните случаи е сосема слично. Тоа се механизмите за поддршка и повратни информации и засегнатите страни во текот на животниот циклус на новоотворениот бизнис. Тие се поддржани во текот на патувањето за создавање и валидација на идеи, преку започнување и развој на компанија, се до излегување на пазарот, растење и финансирање на компанијата. И во текот на тие фази различните улоги се од суштинско значење во таа поддршка. Потребни се локални модели и искусни претприемачи кои водат многу иницијативи од екосистемот. Потребни се подиуми за соработка и размена на идеи наспроти настани, организации, простори за соработка, хакатони. Потребна е заедница на способни и мотивирани луѓе кои ќе им понуди ресурси за развој на стартапите. Акцелераторите и капиталот имаат големо влијание во создавање плодна почва за знаење, менторство и градење вештини, заедно со стимулирање на изборот на патот на претприемништво, создавање нов човечки капитал и таленти во системот. Сите поддржувачки професионални услуги како правни и сметководствени имаат специфики што треба да се имаат предвид кога се работи за стартапи и трансакции со ризичен капитал. Покрај тоа, треба да се воспостави законска рамка и законите за трговски друштва, за да се направи деловното опкружување поплодно за стартапите, за инвестициите и заштита на малцинските акционери и правилно структуирање на управувањето. Многу од овие предуслови работат рака под рака и, иако е важно, капиталот и финансирањето од фондовите за вложувачки капитал не се најголемото ограничување. Најчесто, капиталот се инвестира во екосистемот токму затоа што се развива и покажува потенцијал. Македонија веќе има многу од горенаведената инфраструктура, лесно достапна и, што е уште поважно, одлични примери и лидери на екосистеми кои создаваат цврсти основи за претприемачи и можности за инвестирање од фондовите за вложувачки капитал како нашиот.

Зошто стартапите треба да бидат дел од BAU APA2021?

Од сите причини што беа споменати погоре, програмата нуди одлична можност за учење, мрежа од одлични луѓе и може да доведе до можности за финансирање, од кои сите заедно нудат потенцијално влијание врз животот на основачите и нивните компании.

За акцелераторската програма:

Акцелераторот УКИМ го објави повикот за Акцелераторска програма (BAU APA2021) за поддршка на напредните стартапи и брорастечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар.  BAU APA2021 е програма креирана за да генерира ново знаење и да ги претвори иновативните решенија на стартапите во профитабилни бизниси. Над 10 реномирани глобални експерти ќе бидат вклучени како ментори, додека секоја недела успешните стартапи ќе ги споделат своите приказни, успеси и неуспеси со 15-те избрани стартапи во период од 8 интензивни недели.

Се бара посветен тим од најмалку двајца членови со иновативна идеја и глобална визија за раст, со професионално искуство до 5 години, со минимум 51% македонска сопственост и со дефинирана интелектуална сопственост, кои се заинтересирани за: (1) тренинг од глобални експерти, (2) искуство од успешни стартапи, (3) професионално менторство, (4) мрежа на контакти, (5) финансирање од 25,000 EUR за избраните3-5 стартапи кои ќе влезат во вториот дел од програмата (6) можност за инвестирање од БАУ до 100.000 € и (7) постојана поддршка.

Акцелераторот УКИМ го објави повикот за Акцелераторска програма (BAU APA2021) за поддршка на напредните стартапи и брорастечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар. BAU APA2021 е програма креирана за да генерира ново знаење и да ги претвори иновативните решенија на стартапите во профитабилни бизниси. Над 10 реномирани глобални експерти ќе бидат вклучени како ментори, додека секоја недела успешните стартапи ќе ги споделат своите приказни, успеси и неуспеси со 15-те избрани стартапи во период од 8 интензивни недели.

Програмата BAU APA2021 ви нуди:

(1) Обука од глобални експерти;
(2) Искуство од успешни стартапи;
(3) Професионално менторство;
(4) Мрежа на контакти;
(5) Можности за финансирање од БАУ
(6) Континуирана поддршка.

Тимот на Акцелераторот УКИМ Програмата ќе трае осум недели и ќе биде поделена на два дела:

(1) Прв дел: работилници за поддршка на развојот на 15 стартапи (Октомври):
ПРВА НЕДЕЛА: ВАЛИДАЦИЈА НА ВРЕДНОСТА НА ВАШИОТ ПРОИЗВОД
ВТОРА НЕДЕЛА: ПАЗАР, КОНКУРЕНЦИЈА И КЛИЕНТИ
ТРЕТА НЕДЕЛА: ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И ЦЕНОВНА ПОЛИТИКА
ЧЕТВРТА НЕДЕЛА: БИЗНИС ПЛАН И ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ

(2) Втор дел: Адаптирани менторски сесии за избраните 3-5 стартапи кои покажа најдобар потенцијал (Ноември).

Ќе бидат организирани два демо дена:

  • 3 ноември – финансирање од €25,000 за избраните 3-5 стартапи кои ке влезат во вториот дел од програмата
  • 15 декември – можност стартапите да го претстават својот напредок и потенцијал пред меѓународните и локалните ментори и инвеститори.

Сè на сè, оваа програма е фантастична можност за напредните стартапи и брзорастечки компании да научат од реномирани глобални лидери за технологии и бизнис.

За повеќе информации посетете не на: https://accelerator.ukim.mk/APA2021 и поднесете ја вашата апликација најдоцна до 12 септември. Следете не на социјалните медиуми со цел да ги запознаете менторите, успешните регионални и глобални стартапи и можностите кои ги нуди Акцелераторската програма на Акцелераторот УКИМ.

Програмата овозможува поврзување на стартапите со искусни ментори и успешни регионални и глобални стартапи и е подготвена во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР a е финансирана од Луксембург за Западен Балкан преку Фондот за поддршка на малите бизниси на ЕБОР (EBRD Small Business Impact Fund). Други донатори се: Италија, Јапонија, Кореја, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Тајван Бизнис – Фондот за техничка соработка на ЕБОР (TaiwanBusiness- EBRD Technical Cooperation Fund)  и САД.

Акцелераторската програма, вклучително работилниците и менторските сесии, ќе се одржуваат онлајн (предмет на промена според тековните протоколи COVID-19 за јавен собир).

Сподели!
- Advertisement -