Kреирани 10 идеи за позелена иднина во 54 часа на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

- Advertisement -

Изминатиов викенд над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам и несекојдневни идеи, 10 тимови работеа со цел да креираат иновативни решенија за нашата планета.

Посебноста на овогодинешното издание беше темата: Одржливост. Сите идеи беа насочени кон изградба на поодржлива иднина, што би имале влијание врз нашата економија и општество. Решенијата беа од најразличен карактер и природа од апликации, сервиси, продукти и услуги.

- Advertisement -

Од интересни моменти на 54-часовниот настан издвојуваме:

  • Панел дискусија: Познати македонски претприемачи Горјан Јовановски (EarthCare.ai), Моника Ризовска (Ways2Help), Олга Рајчиќ (Challenger) и Катерина Илијовска (Yes for Less)  ја споделија со учесниците нивната авантура во градење на бизнис.
  • Mенторски сесии: 20 + стручни ментори од земјава и од странство беа на располагање за помош во развојот на идеите, обезбедувајќи вредни совети и насочувајќи ги тимовите кон успешно решение.
  • Споделување на идеи: 10те разработени идеи тимовите ги презентираа пред 5 членото жири составено од експерти во различни области.

Оваа година за победници беа избрани девојките од тимот „ЕcoSolve Pods“ за 54 часа развија прототип со кој сите присутни ги остави без зборови. Нивното biotech решение ја остава пластиката за една употреба во историјата! Создадоа биоразградлива амбалажа која темелно се разложува во вода и не остава никаков отпад, а притоа ниту загадува.

- Advertisement -

Второто место го зазема тимот „Makshrooms“ кој создава бизнис кој преку целосно рециклирање на отпадот од кафе создава печурки, а со тој процес создава и ѓубриво за растење на било какво овошје или зеленчук.

За трето место беше прогласен тимот „NutriAI“, кои креираа мобилна апликација која преку вештачка интелигенција им помага на луѓето да живеат поздрав живот.

- Advertisement -

Оваа година локацијата на одржување на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023 беше во просториите на централна експозитура на ProCredit Banka Skopje, институција која секојдневно поддржува настани и компании кои се грижат за зелена животна средина. ProCredit Banka Skopje заедно со Master Card се екслузивни спонори на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Нивната поддршка е катализатор за иновации и идеи кои се насочени кон подобрување на нашата заедница и околина. Заеднички се надеваме дека оваа соработка ќе поттикнe бизнис идеи кои не само што ќе бидат успешни, туку и ќе го остават својот траг во областа на одржливи бизниси.

Благодарност до сите учесници, ментори, панелисти и останати поддржувачи што го направија овој викенд беспрекорен! Сè што правиме, го правиме заедно, градејќи зелена иднина што е еколошки грижлива и одржлива.

До следното издание на Startup Weekend Skopje 2024, погледнете дел од овогодинешната атмосфера на настанот!

Сподели!
- Advertisement -