Извршниот директор на Apple, Тим Кук, неодамна ја одбележа десетгодишнината откако го презеде челното место во компанијата од Стив Џобс. Таа деценија беше неверојатна и за награда од компанијата доби акции во вредност од околу 750 милиони долари.
Но, и покрај одличните резултати и фактот дека беше фантастичен лидер, на интернет се почесто можеме да прочитаме дека размислува дека млади луѓе треба да стојат на чело на компаниите во Силиконската долина. Кук нема да се повлече од позицијата преку ноќ затоа што новиот договор му важи до 2025 година, а според Bloomberg, сегашниот извршен директор на Apple ќе отстапи од позицијата од 2025 до 2028 година. Пред тоа тој веројатно ќе го надгледува развојот на уште еден нов производ на Apple, а тоа најверојатно ќе бидат очила за проширена реалност.
Иако има уште најмалку 4 години додека Кук се повлече од позицијата, уште сега се шпекулира со имињата на неговите можни наследници. Според Bloomberg, овие четири имиња се во игра за замена на Тим Кук на чело на Apple.
Грег Јосвиак е потпретседател во компанијата веќе долго време и Bloomberg го опишува како дел од кругот на најбитни лидери во компанијата. Вклучен е во развојот и маркетингот на сите производи на Apple, има техничко знаење и секако е способен да ја преземе таа одговорна улога. Во однос на другите кандидати, тoј е најдолго време во тимот на Кук.
Дидри О’Брајан е сегашна шефица на малопродажба во компанијата веќе три децении, во текот на кои смени различни улоги, а имаше клучна улога во лансирањето на продавниците на Apple. Освен малопродажба, управува и со човечки ресурси во компанијата, а со оглед на нејзиното познавање на културата и инволвираноста во бројни важни функции во компанијата, секако има аргументи да го замени Кук.
Џон Тернус е најмладиот кандидат на оваа листа и од минатата година е задолжен за развојот на хардверот за iPhone, додека годинава ја презеде позицијата прв човек за развој на хардвер. Ако Apple сака со компанијата да управува човек задолжен за развојот на производи, харизматичниот Тернус е одличен кандидат.
Џеф Вилијамс е извршен оперативен директор во Apple кој го надгледува целиот синџир на набавка во компанијата – од производството, ресурсите и компонентите до техничката поддршка. Вклуечн е во развојот на сите хардверски производи и го надгледува развојот на хардверот и софтверот за Apple Watch. Исто така, неодамна го презеде софтверскиот и дизајнерскиот тим со кој до неодамна управуваше Џони Ајви. Тој е втората најбитна личност во компанијата, сметаат од Bloomberg, но со оглед на доа дека е само 3 години помлад од Кук, прашање е колку е идеално решение на долг рок.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)