Компанија дава бонус од 50 фунти неделно на работниците кои не доцнат на работа

- Advertisement -

Amazon нуди неделен бонус од 50 фунти на постојано вработените на некои локации во Велика Британија ако дојдат навреме на работа. Наградата важи за работниците кои работат секој ден, со исклучок на боледување поради инвалидитет или КОВИД-19.

Amazon соопшти дека наградите ќе им помогнат да ја задоволат побаруваќката во текот на летото и за време на божиќните празници. Минатата недела е-гигантот објави дека дава дополнителни 1.000 фунти бонус за новите работници во складиштата кои ќе почнат со работа пред 18 септември. Бонусите се нудат во време на закрепнување на британскиот пазар на труд, поради што бројот на слободни работни места во август беше рекордно голем.

- Advertisement -

„Моментално нудиме бонус на постојано вработени на бројни локации кои ќе ја поддржат нашата летна побарувачка и ќе ни помогнат да се подготвиме за претстојната празнична сезона„ изјави портпаролот на Amazon.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -