Холандија ја става Македонија во земји со висок ризик. Драстично ги заострува мерките за влез

- Advertisement -

Холандските власти објавија дека од утре, Македонија ќе биде на листата на земји каде што постои многу висок ризик на зараза со коронавирус, при што за граѓаните на Македонија се воведуваат драстични ограничувања за влез во земјата.

Целосно вакцинирани граѓани ќе може да влезат во Холандија, но ќе мора да одат во задолжителен десетдневен карантин.

- Advertisement -

Нови правила стартуваат од 6. септември, и тие ќе бидат заострени. Покрај вакцина и карантин, од патниците ќе се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно антиген негативен тест не постар од 24 часа.

Властите истакнуваат дека потврда за вакцинирање или прележан ковид нема да биде доволна.

Сподели!
- Advertisement -