Бугарија забрани влез на македонски државјани до крајот на ноември

- Advertisement -

Со последната одлука на Република Бугарија донесена на 27 август, односно пред една недела, на македонските граѓани од 1 септември до 30 ноември им се забрани влез во Бугарија затоа што Македонија влезе меѓу државите во Црвената зона, односно во земји кои се најпогодени од коронавирусот.

Граѓаните кои тргнале кон Бугарија преку граничниот премин Деве Баир наишле на блокада од бугарските гранични службеници кои не им дозволиле да влезат во земјата и покрај тоа што имале вакцинален сертификат, односно негативен ПСР-тест или брз антиген тест.

- Advertisement -

Граѓаните не биле информирани за одлуката донесена од пред седум дена, а за ова не знаеле ниту полициските служби на граничниот премин Деве Баир.

Министерството за надворешни работи исто така не знаеше дали некои граѓани биле вратени назад поради некомплетни документи или поради тоа што ниту МНР ниту министерството за здравство не ги информирале граѓаните за новите услови за патување во Бугарија иако одлуката е стара седум дена.

- Advertisement -

Интернет-страницата на МНР со информации за ковид-19 е ажурирана и може да се види одлуката на Бугарија, „Обновена Заповед РД-01-733“ која ќе важи во следните три месеци.

Исклучок од забраната за влез во Бугарија се: бугарските граѓани, граѓани на државите членки на ЕУ, ЕЕЗ и на државите од Шенгенскиот договор и Конфедерација Швајцарија, членови на семејства (странци) на бугарски граѓани, странски државајни со привремено и постојано место на живеење во Р. Бугарија, медицински специјалисти, членови на државни делегации и дипломати, лица кои патуваат по хуманитарни причини, сезонски земјоделски и туристички работници, странци кои треба да земат бугарско државјанство, странски студенти со виза „Д“, лица со посебно одобрение на министерот за здравство или од него овластен.

- Advertisement -

Овие лица влегуваат во Бугарија под следните услови: со ковид сертификат за извршена вакцинација со две дози вакцини и 14 дена минати од последната примена вакцина или документ за прележан КОВИД 19, за период од 15 до 180 дена заедно со документ со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа, пред влегувањето во Бугарија. Доколку не се исполнети условите или еден од нив, лицето се става под 10-дневен карантин дома или на наведена адреса, кој може да се разреши доколку се направи ПЦР тест со негативен резултат во првите 24 часа од пристигнувањето.

Извор – www.mmks.mk

Сподели!
- Advertisement -