Осигурениците вложија 81,2 милиони евра во полиси, 15,6 отсто повеќе од лани

- Advertisement -

Вложувањата во полиси за неживотни осигурувања достигнаа пет милијарди денари или 81,2 милиони евра во првите шест месеци од годинава што е за 15,6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). 

Најголем раст на вложувањата во осигурување има кај приватното здравствено осигурување и осигурувањето имот. Со намалувањето на рестрикциите за патување, зголемување се бележи и кај продажбата на зелени карти и патничко осигурување. 

- Advertisement -

Вложувањата во здравственото приватно осигурување во првите шест месеци од годинава надминале 3,8 милиони евра што е 38 отсто повеќе од лани.

Осигурувањето имот достигнало вредност од 22,7 милиони евра што е за 3,4 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани. Притоа, вложувањата на компаниите, институтициите и другите правни лица во осигурувањето на имот изнесувале 17,3 милиони евра што е за 29 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. 

- Advertisement -

– Растот на вложувањата во полиси за неживотно осигурување е очекуван со оглед на фактот што минатата година беше исклучително тешка заради бројните ограничувања и рестрикции што ги наметна здравствената пандемија предизвикана од корона кризата. За половина година се склучени 634.567 договори за неживотно осигурување, 16 отсто повеќе од лани, велат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. 

Вложувањата во неживотно осигурување во првата половина на годината се поголеми за 13,6 проценти и во однос на 2019 година.

- Advertisement -

Осигурувањето од автомобилска одговорност за половина година изнесувало 28,3 милиони евра и претставува зголемување за 14 проценти во однос на истиот период лани, а продажбата на зелен картон достигнала 6,6 милиони евра што претставува раст од 34 отсто, додека на патничкото осигурување 775.000 евра или 18 отсто повеќе од лани. 

Најголемо пазарно учество во првата половина на годинава има „Триглав Осигурување“ пред „Еуролинк Осигурување“, „Халк Осигурување“, АДОР „Македонија„ и „Уника“. По  нив следуваат „Сава Осигурување“, „Евроинс Осигурување“, „Винер – ВИГ“, „Кроација осигурување – неживот“, „Осигурителна полиса“ и „Граве неживот“.  

Раст на пазарното учество бележат сите 11 компании за неживотно осигурување. Најголем раст во овој период бележат: „Халк Осигурување“, „Уника“ , „Кроација неживот“ и „Граве неживот“. Следуваат: „Сава Осигурување“, „Винер – ВИГ“, „Осигурителна полиса“, „Триглав Осигурување“, АДОР „Македонија“ и „Евроинс Осигурување“. бак/са/

Сподели!
- Advertisement -