Компанијата Amazon планира да вработи 55.000 луѓе за корпоративни и технолошки позиции ширум светот во текот на наредните месеци, најави извршниот директор на компанијата, Енди Џеси.
Џеси во интервју за Reuters откри дека на компанијата и е потребна поголема помош за да може да држи чекор со побарувачката во малопродажба, но и во огласување. Тој додаде дека новата идеја на компанијата за лансирање сателити во орбитата за проширување на широкопојасниот пристап во рамките ан проектот Project Kuiper ќе бара многу нови работници.
Со оглед на тоа дека годишниот саем на Amazon за вработување е закажан за 15 септември, Џеси се надева дека сега е дoбро време за вработување.
Новите вработувања ќе значат зголемување на технолошкиот и корпоративниот персонал на Amazon за 20%, кој моментално брои околу 275.000 луѓе на глобалнo ниво. Џеф Безос, донеодамнешниот извршен директор на Amazon, кого го замени Џеси, истакна дека на Amazon му е потребна подобра визија за вработените.
Amazon е вториот најголем работодавец во САД и во 2020 година во склaдиштата и во доставата вработи околу 500.000 луѓе. Компанијата наголемо инвестира во изградба на нови складишта и во покачување на платите за да привлече работници и за да се задоволи побарувачката на купувачите.
Од новите над 55.000 работни места кои ги најави Џеси, повеќе од 40.000 ќе бидат во САД, додека другите ќе бидат во Индија, Германија и Јапонија.
(Bizlife)
(фото: YouTube)