Ватсап треба да и плати на Ирска 225 милиони евра за кршење на правилата за приватност

- Advertisement -

Ирскиот надзорник за приватност на податоци ја казни апликацијата Ватсап (WhatsApp) со сума од 225 милиони евра за кршење на европските правила за приватност. Одлуката беше објавена во четвртокот по истрагата која траеше три години. Покрај казната, на Ватсап му е наложено и да ја подобри својата политика за заштита на податоците.

Ватсап ја оцени одлуката како „целосно несразмерна“ и најави жалба. Според ирските супервизори, компанијата „сериозно“ ги прекршила прописите за транспарентност кои датираат од 2018 година.

- Advertisement -

Во пресудата на 226 страници, комесарката Хелен Дикон наведува дека компанијата им обезбедила на своите корисници само 41 процент од потребните информации, со што им е одземена контролата врз содржината што ја споделуваат. Прекршувањата зафатија голем број луѓе, поради што Ватсап е должен да плати рекордна сума пари.

Сподели!
- Advertisement -