Истражувачи создадоа материјал кој од едната страна топли, а од другата лади

- Advertisement -

Знаеме колку фрустрира кога јакната која сме ја облекле за да не стопли одеднаш почнува да не поти. Но, јакните направени од новиот експериментален материјал истовремено ќе можат да ве топлат и да ве разладуваат.

Научници од кинескиот Универзитет Жеџианг и од Универзитетот Вестлејк го создадоа материјалот Janus textile, кој се состои од база од полимерни влакна на ePTFE (експандиран политетрафлуороетилен). Другите супстанции се споени со тие влакна и на материјалот му овозможуваат да има една страна која го топли корисникот, а другата го лади.

- Advertisement -

Кога некое парче облека ќе се носи со страната која топли однадвор, наночестички на цинк и на бакар на таа страна ја апсорбираат соларната енергија и ја намалуваат количината топлина која бега. Кога корисникот ќе ја преврти облеката од другата страна, порозен слој од полимерот PMMA (полиметил метакрилат) на страната која лади ја рефлектира сончевата светлина и помага да се испушти повеќе телесна топлина.

При тестовите направени на природна сончева светлина страната која топли ја зголемила температурата на симулираната кожа за 7 степени повеќе отколку црниот текстил. Кога материјалот бил превртен однаопаку, страната која лади ја намалила температурата на кожата за 5 степени повеќе отколку отколку белиот текстил. Страната која лади немала ефекти кога била тестирана ноќе, иако страната која топли дури и тогаш била потопла за 2 степени отколку црниот текстил.

- Advertisement -

Според научниците, новиот материјал лесно може да се произведе по ниски цени, а има слични карактеристики како памукот. Дополнителен бонус е тоа што ако се поврзе термоелектричен генератор со материјалот, може да се произведе мала количина електрична енергија.

Тие се надеваат дека кога ќе го доразвијат, таа способност на материјалот ќе може да се користи за да се напојуваат со енергија преносни електронски уреди. Студијата е објавена во списанието Nano Letters.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -