Во 2024 година почнува масовно производство на првите автомобили на Apple

- Advertisement -

Досега имаше многу гласини за автомобилите на Apple, но и понатаму не знаеме некои конкретни детали за возилата. Познато е дека Кук водеше преговори со Hyundai за соработка на производството, но тие пропаднаа, а неодамна беше објавено дека директорите на Apple заминале во Азија за да најдат партнери и да се договорат со нив за почетокот на масовното производство на возилата.

Според информациите објавени неделава, сомпанијата со која ќе преговараат и може да биде потенцијален производител на автомобилот Apple Car е Toyota. Ќе биде интересно дансе види како ќе завршат преговорите со јапонскиот гигант. Ако Apple сака да ја исполни својата амбициозна цел и да почне со масовно производство на автомобилите во 2024 година, треба што побрзо да склулат договори и да ги разработа деталите за дизајнот.

- Advertisement -

Минатиот месец директорите на компанијата ја посетија Јужна Кореја и преговараа со повеќе производители на компоненти за електрични возила. Меѓу нив беа LG Chema и SK Innovation, како и со компанијата Hanwha, која е специјализирана за петрохемиска технологија.

Ако Appleu сака да почне со масовно производство на Apple Car во 2024 година, значи дека истата година или најдоцна во 2025 година автомобилот ќе се најде на пазарот. Досега се знае дека ќе биде електричен автомобил и дека ќе има одреден степен на автономија, но другите детали не се познати. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо годинава коментираше дека автомобилот треба да има досег од околу 500 км, забрзување од 0 до 100 за 3,5 секунди и поддршка за брзо полнење на батеријата до 80% за само 20 минути.

- Advertisement -

(Teslarati)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -