Има многу причини зошто е битна вакцината против КОВИД-19 на AstraZeneca. Не предизвикува згрутчување на крвта и креаторите на вакцината велат дека е многу ефикасна во заштитата од новата многу позаразна варијанта на КОВИД-19 која се шири во Обединетото Кралство.
Но, сега има уште една причина. Имено, ново истражување покажа дека вакцината може да се користи и како третман за рак, пренесува Reuters. Истражувачи од Институтот Џенер во Оксфорд и Институтот Лудвиг за истражување на рак ја адаптирале технологијата за стопирање на размножувањето на КОВИД-19 во третман за рак, кој досега има ветувачки резултати при тестирањето на животни. Новиот третман се состои од две дози вакцина за рак.
Истражувачите велат дека вакцината е подготвена да почне со клинички тестирања до крајот на годинава откако тестирањето на глувци покажало значително намалување на туморите и поголема стапка на преживување. Првичните клинички тестирања ќе вклучат 80 учесници со рак на бели дробови.
Како што велат истражувачите, нивното откритие има потенцијал да донесе револуција во третирањето на ракот. Студијата е објавена во списанието Journal for ImmunoTherapy of Cancer.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)