Македонскиот дизајнер во Mercedes Славче Таневски стои зад дизајнот на првиот електричен модел на Mercedes-Maybach!

- Advertisement -

Електрификацијата во Daimler го зафати и најчувствителниот и најтрадиционален огранок, луксузната марка Mercedes-Maybach. Засега концепт, Mercedes-Maybach EQS, наскоро ќе стане дел од редовната понуда на марката именувана по Вилхелм Мајбах, конструктор на првиот мотор што беше наменет за вградување во автомобил.

Mercedes-Maybach ќе ја прошири понудата од модели со луксузен СУВ со погон само на струја, конструиран врз платформата за електрични модели од највисоките класи, односно со техниката од EQS. Скапо лакираната двобојна каросерија, како главно стилско обележје на марката, секако дека се забележува прво. Ова наследство на марката сега првпат доаѓа заедно со електричен погон.

- Advertisement -

Автомобилот со дизајн на Славче Таневски доаѓа точно за одбележувањето на стогодишнината на Maybach. Пред еден век, Вилхелм и Карл Мајбах започнале да изработуваат автомобили со цел тие да бидат „најдобро од најдоброто“. Тоа што Maybach EQS по малку отстапува од досегашната претстава за луксуз од највисок ранг, се темели врз фактот што клиентите на главните пазари за Maybach, односно Кина, Русија, Јужна Кореја, САД и Германија, се сé помлади.

Со Concept Mercedes-Maybach EQS по 100 години ја трансформираме марката за електричната иднина. Футуристичкиот дизајн се состои од емотивна интеграција на површини и форми. Прендиот дел со прогресивната маска на Maybach го следи принципот на интеграцијата и на марката ѝ дава сосем нов изглед. Заедно со новата аеродинамична пропорција на СУВ, комплетно од ново го дефинираме луксузниот СУВ на иднината, изјави Горден Вагенер, главен дизајнер на Daimler Group.

- Advertisement -

Целиот текст може да го прочитате на Automedia.mk

Сподели!
- Advertisement -