На форумот Hydrogen Wave Forum, Hyundai ги објави плановите за нови производи базирани на водород и ја најавија својата визија Hydrogen Vision 2040, со која сакаат да придонесат за популаризацијата на водородот како гориво во текот на наредните две децении. Меѓу бројните интересни и футуристички производи посебно интересен е хибридниот концепт автомобил Vision FK coupe. Имено, тој модел е направен во соработка со Rimac Automobili, во кој Hyundai инвестираше 80 милиони евра пред повеќе од две години.
Ова концепт возило, кое уште е во развој, треба да биде основа за автомобилите на Hyundai со погон на водород кои ќе имаат врвни перформанси. За тие перформанси најдобро зборуваат бројките – концепт автомобилот треба да има моќност од 670 коњски сили и забрзување од 0 до 100 км за помалку од 4 секунди. Vision FK coupe има два мотори, а благодарение на големата батерија и залихите на водород како погонско гориво без застанување може да помине околу 600 км.
При претставувањето на автомобилот од Hyundai го споменаа и Rimac Automobili, со кои што соработуваат на разни полиња, па така заедно работеле и на моделот Vision FK. Бидејќи зборуваме за концепт автомобил кој уште е во развој, на други саеми за автомобили во иднина можеме да очекуваме да ја видиме еволуцијата на Vision FK, кој има за цел да ги помести границите на технологијата за водород.
(Chasing Cars)
(фото: YouTube)