Џеф Безос инвестира во стартап кој бара начини да се сопре стареењето на луѓето

- Advertisement -

Дали парите можат да купат се? Многу наскоро ќе дознаеме затоа што се проширија информации дека основачот на Amazon, Џеф Безос, инвестира во стартапот по име Altos Labs, кој работи на откривање начини за стопирање на процесот на стареење.

Ова не е прв пат да се слушнат такви гласини за најбогатиот човек во модерната историја, кој очигледно не сака да остари. Безос веќе има инвестирано во истражувања на стареењето, од кои едната беше во биотехнолошката компанија Unity Technologies од Сан Францско во 2018 година, која развива терапии против стареење.

- Advertisement -

Altos Labs е компанија основана на почетокот на годинава и досега има собрано најмалку 270 million долари инвестиции за развој на технологија за репрограмирање. Стартапот сака да најде начин да ги подмлади клетките, а некои научници веруваат дека тоа може да се примени на целото тело на животни. Оттука наредниот чекор е продолжување на човечкиот живот.

Компанијата засега држи се во тајност и бара академици кои ќе истражуваат како старат келтките и што може да се направи за да се забави процесот на стареење за нашите ткива да стареат побавно. На научниците им нудат годишна плата од 1 милион долари. Altos ќе финансира истражувачи без на почеток да очекува заработка со единствена цел да остварат големо научно откритие и планираат да отворат неколку институти на места како Сан Диего, Кембриџ, Обединето Кралство и Јапонија. Кој третман против стареење и да го откријат научниците сигурно ќе вреди милиони долари.

- Advertisement -

Целта на Altos Labs е да користи биолошко репрограмирање, односно процес на наредување на клетките или воведување елементи кои им овозможуваат на клетките да се вратат на поранешна ембрионска состојба, со тоа стопирајќи го процесот на стареење.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -