Ед Ширан на неговата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип-анимацијата за својот последен хит “Bad habits” зад која во целост стојат македонските креативци од „351 Студио“,oбјави порталот Радио МОФ.
Изработено во стилот на стриповите од 60-тите и 70-тите години, видеото доби одлични критики од фановите музичарот. По официјалната премиера на Фејсбук, видеото е веќе достапно и на официјалниот Јутјуб канал на Ед Ширан како и на останатите платформи за видео содржини.
„Продукцијата на видеото на Ед Ширан е само продолжување на успешната соработка која „351 Студио“ ја има со најголемите светски музички имиња како Бруно Марс, Карди Би, Виз Калифа, Мигос, 21 Пилотс, Тиесто, Ариана Гранде, Зејн, Ники Минаж и најголемите светски издавачки куќи Ворнер Мјузик, Универзал Мјузик, Сони Мјузик и нивните лејблови „Atlantic Records“, „Capitol Records“, „Def Jam“, „Columbia Records“, „Ultra“, „Spinnin Records“, „Armada Music“… Во своите 6 години постоење, 351 Студио кое е дел од македонската компанија „Скај Ај Ентертејмент“ има изработено повеќе од 2.300 видеа, зад кои стојат потписите на 30-тина млади креативци од нашата земја“, велат од „351 Студио“.