Илон Маск ќе добие над 1 милијарда евра субвенции од ЕУ за развој на батерии

- Advertisement -

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla треба да добие околу 1,1 милијарди евра субвенции од европската програма за поддршка за производство на батериски ќелии, пренесуваат германските медиуми. Германското Министерство за економија чека зелено светло за предложената финансиска поддршка, напиша германскиот весник Tagesspiegel.

На почетокот на годинава Европската комисија одобри 2,9 милијарди евра државна помош за 12 земји-членки. Проектот „Европски батериски иновации“ предвидува финансирање на вадењето суровини, проектирањето и производството на ќелии во Белгија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Словачка, Шпанија и Шведска.

- Advertisement -

Дванаесетте земји од ЕУ планираат во текот на идните години да обезбедат 2,9 милијарди евра за негово финансирање, а нивната поддршка треба да мобилизира дополнителни 9 милијарди евра приватни инвестиции.

(Index.hr)

- Advertisement -

(фото: European Battery Alliance)

Сподели!
- Advertisement -