BtoBet: Преку врвни софтверски решенија до лидерска позиција во светската iGaming индустрија

- Advertisement -

Иновативните софтверски решенија за спортско обложување и врвната експертиза е она што на македонската ИТ компанија BtoBet ѝ обезбеди конкурентска предност и можност да застане рамо до рамо со водечките светски компании од “iGaming” индустријата.

Компанијата чиј севкупен технолошки развоен процес се спроведува во канцелариите во Скопје, Битола и Охрид, од страна на искусен тим од близу 80 ИТ експерти и висококвалификувани професионалци од повеќе различни области, веќе седум години успешно функционира, соработувајќи со голем број партнери и клиенти од целиот свет, преку своите претставништва во Северна Македонија, Италија и Гибралтар.

- Advertisement -

Главен продукт на BtoBet, кој ѝ обезбеди и конкурентска предност во индустријата за спортско обложување и онлајн казино е платформата “Neuron”. Базирана на напредна технологија, оваа платформа претставува најсовремен технолошки производ кој обезбедува уникатна вредност за спортските обложувалници и онлајн казината ширум светот. Почнувајќи од технолошката флексибилност, односно можноста операторите да работат и малопродажба, онлајн активности преку десктоп компјутер или мобилен и сè она што овозможува персонализирање на понудите за спортско обложување, до обезбедување брз раст и ограничување на ризикот во висококонкурентната “iGaming” средина, со што успешно се задоволуваат растечките барања и динамиката на индустријата.

По неколку години самостојно функционирање, минатата година BtoBet ѝ се приклучи на реномирана групација Aspire Global, лидер во глобалната “iGaming” индустрија.

- Advertisement -

Како дел од својата развојна стратегија, BtoBet континуирано склучува нови партнерства со етаблирани компании од индустријата, благодарение на своите производи и услуги кои се целосно усогласени со регулираните пазари на светско ниво.

Сподели!
- Advertisement -