ВИДЕО: Xavier е новиот робот-полицаец кој патролира по улиците на Сингапур

- Advertisement -

Сингапур е град-држава познат по строгите закони и надзорните камери кои се наоѓаат буквално секаде. Како што изгледа, наскоро мерките за надзор над населението ќе бидат уште построги благодарение на патролниот робот Xavier, кој почнува да се тестира на јавните површини.

Улогата на роботот ќе биде да го забележува недозволеното однесување како што е паркирање на забранети површини, возење велосипед надвор до велосипедските патеки, пушење каде што не е дозволено и непридржување до мерките пропишани во врска со пандемијата на КОВИД-19 како неносењето маски или недржењето растојание.

- Advertisement -

Во текот на три недели Xavier со своите 360 камери ќе го набљудува населението на површината на квартот Тоа Пајох Централ за да го забележи она што властите го нарекуваат непосакувано општествено однесување како групирање на повеќе од 5 лица.

Роботот е целосно автономен, но може само да дава предупредувања и во случај луѓето да не го послушаат, да ја извести полицијата која на негово барање испраќа патрола на местото на инцидентот.

- Advertisement -

Роботот е опремен со сензорски систем за избегнување препреки, кој му овозможува да ги заобиколува стационарните и подрвижните препреки, вклучувајќи ги и пешаците и возилата.

Сингапур веќе објави дека ќе го зголеми бројот на надзорни камери во градот на 200.000, а властите веруваат дека роботите дополнително ќе помогнат за почитување на законите и не се грижат многу за навлегувањето во приватноста и кршењето на граѓанските права.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Straits Times)

Сподели!
- Advertisement -