Во периодот септември 2021 – август 2022 година, 93,8 отсто од од приватните компании планираат инвестиции. Вкупниот планиран износ на инвестиции на овие компании изнесува 161.054.020 евра. Ова се податоците од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Северна Македонија меѓу своите членки, на тема „Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци ( септември 2021 – август 2022 година)“.
Антонета Манова Ставреска од Стопанската комора на денешната прес-конференција за презентирање на наодите од спроведената анкета истакна дека инвестициите се клучот за заздравување на македонската економија во периодот на пандемија, но подолгорочно и за остварување на неопходните стапки на раст на БДП од над 5 отсто, со цел да се оствари побрза конвергенција со дел од земјите од ЕУ.
„Во однос на 2019 година, како последна споредена година пред пандемијата, 75 отсто од компаниите се изјасниле дека планираните инвестиции во следните 12 месеци се повисоки, 37,5 отсто изјавиле дека зголемувањето во однос на 2019 година че биде повеќе од 51 отсто. Планираните инвестиции од 161.054.020 евра се распределени на следниот начин: машини и опрема 58.674.372,36 евра или 64 отсто од вкупниот планиран износ на инвестиции; згради и земјиште 33.811.400 евра или 21 отсто; ИКТ и софтвер 24.927.191,36 евра или 4,2 отсто; и други капитални инвестиции 36.804.136,78 евра или 22,9 отсто од вкупниот планиран износ на инвестиции“, рече Манова Ставреска.
Компаниите сметаат дека рализацијата на планираните инвестиции ќе придонесе најмногу за следниве ефекти: зголемен промет (79,2 отсто), зголемена добивка (75 отсто), отворање на ново работни места (72,9 отсто), зголемено производство (68,8 отсто) и зголемување на извос (52,1 отсто).
Вкупниот ефект на државата, посочи таа, во смисла на поголеми приходи на буџетот по основ на даноци, царини, акцизи, придонесис од плати, дозволи и сл., е 58.198.026 евра, што е еквивалентно на 36,1 отсто од планираните инвестиции.
За ограничувачки фактори кои може да влијаат на реализацијата на планираните инвестиции (со можност за избор на повеќе фактори од страна на една компани), во следниот период од 12 месеци компаниите ги сметаа: законската регулатива и трошоците (даноци, парафискални давачки, дозволи – 62,5 отсто; инфраструктурата – 43,8 отсто; недостаток на соодветно квалификувана работна сила – 41,7 отсто; недостаток на средства – 35,4 отсто; намалена побарувачка за производителит/услугите – 33,3 отсто, други фактори – 18,8 отсто од компаниите.
(МИА)
(фото: Flickr)