ВИДЕО: Xiaomi претстави паметни очила кои можат да преведуваат

- Advertisement -

Facebook неодамна во соработка со Ray-Ban претстави паметни очила, според гласините на такви очила работи и Apple, а сега и Xiaomi претстави нов дизајн на паметни очила. Кинеската компанија денес ги претстави очилата Xiaomi Smart Glasses со имплементиран microLED екран кој може да се користи независно од паметните очила.

Очилата имаат четиријадрен процесор, сопствена батерија, екран на допир, модули за WiFi и Bluetooth, оперативен систем Android, како и камера од 5MP. Сето тоа е спакувано во уред кој изгледа како класичните очила и тежи само 51g.

- Advertisement -

Разликата во однос на очилата на Facebook е екранот имплементиран во стаклото на очилата на кој се прикажуваат некои основни, односно најбитни известувања. Станува збор за microLED екран, кој за разлика од OLED има голема густина, подолго траење и ендоставна структура. На екранот ќе се прикажуваат известувања за телефонски повици, пораки, ќе може да се фотографира и да се користи навигација. Исто така, корисна опција е и преводот во реално време.

(Xiaomi)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -